Изутрината понеделник, на 6 февруари, разорен земјотрес го стресе Блискиот Исток, тлото се расцепи и зградите се претворија во урнатини. Земјотресот со магнитуда од 7,8 степени по Рихтеровата скала и епицентар нешто малку западно од Газиантеп, во анадолскиот регион во Турција, е најсилниот земјотрес што ја погодил земјата во поново време. Со јачина на 130 атомски бомби се почуствува дури до Гренланд.